-->
-->
Концерт на „КонТемпора“ во Тирана
-->

Ансамблот за совремана музика при Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) „КонТемпора“ со својот концертен настап го отвори Балканскиот фестивал на современа музика во Тирана, Албанија.
Фестивалот кој ќе се случува до 4 ноември е во организација на Сојузот на композитори на Албанија.
Како што соопшти СОКОМ, македонските музички уметници Катерина Бачевска на флејта, Игор Иванов на кларинет и Марија Вршкова на пијано изведоа дела од македонските композитори Коларовска, Андовска, Димушевски, Лумани, Симоновска, како и дела од албански композитори.
Овој концерт, како што наведуваат, се реализира во рамките на традиционално добрата соработка помеѓу Сојузот на композитори на Македонија и Сојузот на композитори на Албанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
-

Уапсен прилепчанец кај Љубаништа, поседувал марихуана и сина таблета
-

Мицкоски: Дејвид Гета не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар
-

На ГП од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Самит за безбедност во Финска: ЕУ бара поголеми инвестиции и зајакната одбрана од руските закани
-

Украинската морнарица тврди дека ја водела првата битка меѓу поморски дронови во историјата
-

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата
