Концерт на италијански канцони во Делчево

Делчевчани синоќа по подолго време имаа можност да присуствуваат на концерт на класична музика на кој настапија тенорот Влатко Груевски и пијанистот Андреј Наунов.
- Како хонорарно вработен во Македонската опера и балет, концертирам и настапувам низ државата на културни манифестации меѓутоа гостувањето во Делчево е мое прво гостување на концерт и прво гостување во градот, изјави Груевски, додавајќи дека вечерта е посветена на италијанските канцони.
Наунов, кој е пијанист со 30-годишно искуство, рече дека канцоните се категорија која е многу поприфатлива од публиката и затоа на концертот во Делчево се одлучиле за таквиот жанр на класична музика.
- Долги години настапувам на пијано и како вработен во Македонската опера и балет, но и хонорарно на Факултетот за музичка уметност. Што се однесува до нашата одлука во Делчево да настапиме со италијански канцони, тоа се должи на фактот што канцоните се поприемчиви за публиката, покомерцијални, поблиски и се достапни за оваа публика и ваквите манифестации, истакна Наунов.
Концертот се одржа како дел од одбележувањето на 7 Септември - Денот на ослободувањето на Делчево и 8 Септември-Ден на независноста на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
