Концерт на Исмаил Лумановски со Македонската филхармонија
Македонскиот виртуоз на кларинет Исмаил Лумановски, кој живее и работи во Центарот за култура во Њујорк, вечерва во Домот на АРМ во Скопје ќе одржи концерт заедно со Македонската филхармонија.
На концертот насловен „Клецмер фешта“ ќе бидат претставени дела инспирирани од Еврејската и од т.н. клецмер музика која е спој од ромската музика, Еврејската литургиска музика и типичните музички форми на Источна Европа. Македонската публика ќе има можност да ги слушне Кончерто гросо бр. 1 од Ернест Блох, свитата „Маскарада“ од Арам Хачатуријан, како и македонската премиера на Увертирата на Еврејски теми оп. 34 од Сергеј Прокофјев и Клецмер концертот за кларинет од младиот полски композитор со еврејско потекло Влад Мархулец.
Исмаил Лумановски е роден 1984 година и се смета за еден од најдобрите музичари на својата геренација во Македонија. Има настапувано во врвни концертни сали како „Ратхаус“ во Виена, „Карнеги хол“ во Њујорк, „Сал плејел“ во Париз, палатата Емирати во Абу Даби, центарот Кенеди во Вашингтон, центарот Беркли во Бостон и многу други.
Ново на Сител
-
Денес и вчера приведени 8 возачи за безобѕирно управување со моторно возило
-
Сообраќајна несреќа кај патот Гостивар-Тетово, едно лице загинато и пет повредени
-
Дарио Ивановски победник на полумаратонот на годинашното издание „Охрид трчаТ“
-
Голема количина отпад изваден од дното на Охридското Езеро кај Радожда
-
Кина го обвинува американскиот министер за одбрана за „провокативни“ изјави во Сингапур
-
Железничката станица во Нови Сад ќе биде урната, реконструирана или делумно користена
-
Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа во Кавадарци
-
УХМР: Следува период на сончево и топло време, дневната температура во сабота до 37 степени