Концерт на хорот „Viva Vox“ во рамки на Мајските оперски вечери
Мегапопуларниот хор „Viva Vox“ од Белград вечер во рамки на 44. Мајски оперски вечери, ќе одржи концерт во Македонската опера и балет.
Хорот е основан пред 10 години од страна на група средношколци и нивната професорка и диригент Јасмина Лорин. Името го добива во 2005 година, а во 2009 година во нивните изведби хористите воведуваат „битбокс“, техника која заедно со специфичните аранжмани на песните кои ги изведуваат го формира уникатниот звук на хорот по кој се познати насекаде низ светот.
Стилот на изведба на хорот „Viva Vox“ поминува низ повеќе трансформации, но денес тоа е уникатен микс на автентични акапела интерпретации на поп-рок и алтернативна музика надополнета со битбокс. Нивно најголемо достигнување е настапот во концертната сала на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк на 14 јануари 2013 година. Хорот исто така настапи и во големата сала на плоштадот Тјананмен во Пекинг.
Ново на Сител
-
Заврши обуката на пожарникарите – утре 352 лица ќе потпишат договори за работа
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК