Македонија
10. October 2016 - 8:57

Концерт „Џејмс Бонд Симфони“ на Битолскиот камерен оркестар

Центарот за култура-Битола денеска одбележува 36 години од денот кога првпат почна со работа и  роденденот ќе го прослави со целовечерниот концерт на Камерниот оркестар на Битола.

На концертот насловен „Џејмс Бонд Симфони“ покрај 30 музичари од Битола ќе настапат и солистите Наде Талевска, Нина Јанева и Ирена Димовска, најави Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура.

- Центарот за култура, порано именуван како Дом на културата, во Битола почна со работа на 10 октомври 1980 година. Годинава роденденот ќе го одбележиме со концерт на камерниот оркестар на Битола чии уметници имаа успешно лето и по концертите во Скопје, Штип, Кавадарци и Гевгелија. Вечер тие повторно ќе понудат безвременски музички теми од филмовите со Џејмс Бонд. Во текот на овој месец, на 24 октомври, ќе одбележиме и роден ден на нашето 3-Д кино формирано пред три години, најави Димитровски.