Македонија
8. July 2016 - 8:43

Концерт дуо пијано на Божиновска и Ќека во Прилеп

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе се одржи дуо пијано концерт на  Маја Божиновска и Мимоза Ќека во рамки на Прилепското културно лето. Пијанистките ќе изведат дела од Шуберт, Дебиси, Рахмањинов.

Божиновска и Ќека дипломирале на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Имаат реализирано голем број концерти и учествувале на натпревари и семинари кај познати пијанисти. 

Божиновска работи како професор во државното музичко училиште во Битола, Ќека од минатата година е професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ во Скопје.