-->
-->
Конашенков: САД првпат потврдија дека терористите во Сирија користат хемиско оружје
-->
Американскиот Стејт департмент првпат потврди дека не само Сирија туку и терористите употребуваат хемиско оружје, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, комнетирајќи го соопштение на американската администрација.
- Во соопштението се објаснува дека не е пожелно граѓани на САД да ја посетат Сирија, особено Идлиб, затоа што терористичката група „Хаит Тахрир аш Шам", поврзана со „Џебхат ан Нусра", користи автомати, тешките оружја, рачно изработени бомби и хемиско оружје, изјави Конашенков.
Тој додаде дека со тоа Стејт департментот првпат признава, не само присуството, туку и употребата на хемиско оружје од страна на терористите на „Џебхат ан Нусра“ во тој дел од Сирија.
Генералот потсети дека има само еден познат случај во Идбил, кога било користено хемиско оружје - во Хан Шеикун, за кој САД ја обвини сириската армија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предлог буџетот за следната година на пленарна седница
-
Обвинувања за криминал со превозот на ученици во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема полициска акција - Приведени 23 лица поврзани со криминали во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и Неготино
-
Мицкоски: Уште многу криминали ќе бидат обелоденети во следниот период
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот