Македонија
17. September 2015 - 11:12

Кон Табановце од Гевгелија утрово заминале околу 600 мигранти

Од железничката платформа на прифатниот камп во Гевгелија, утрово кон Табановце замина еден воз со околу 600 мигранти, што укажува дека трет ден по ред се намалува бројот на мигрантите кои кај нас пристигнуваат преку Грција.

Како што јави дописникот на МИА, од железничка станица во Гевгелија информираат дека во текот на изминатото деноноќие од Гевгелија за Табановце заминале три специјални возови со околу 2.200 мигранти и оти се уште не е повикан воз за утовар на мигранти.

Бројот на мигранти е намален и според проценките на УНХЦР и Меѓународниот Црвен крст, кои велат дека низ земјава вчера транзитирале околу 2.600 мигранти, вклучувајќи ги и оние кои како превозни средства ги користат автобусите и таки возилата.