Кон „Бехтел и Енка“ досега исплатени околу 167 милиони евра
Директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми денеска информира дека кон „Бехтел и Енка“ досега се исплатени околу 167 милиони евра.
Според Рустеми, моментно се вршат геомеханичките испитувања, а за проектирање на трасите ќе бидат ангажирани сите расположливи капацитети во државата.
Се подготвуваат, нагласи, и елаборатите за експропријација.
-Продолжуваме со плаќањето кон „Бехтел и Енка“, според Договорот што го имаме потпишано и според финансиската програма одобрена од Владата. Досега се исплатени околу 167 милиони евра за мобилизација и авансно плаќање за коридорот 8 и корисорот 10д. Моментно се вршат геомеханичките испитувања на делниците Прилеп - Битола, Тетово - Гостивар и Гостивар - Кичево. Се подготвуваат и елаборатите за експропријација. Денеска или утре ќе бидат одобрени и сите проектантни за проектирање на сите траси и патните коридори. Сакам да ја информирам јавноста дека сите капацитети во државата кои проектираат ќе бидат ангажирани. Ќе продолжиме најверојатно следната недела да доставиме барање до Министерството за танспорт за патните коридори. По добиеното одобрување ќе почнеме и со експропријацијата, а потоа и со градежните работи, истакна Рустеми.
Ново на Сител
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации