Комплетно опремен едукативен симулациски центар во „Аџибадем Систина“

Со цел да се продолжи со континуирана едукација на персоналот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кон крајот на 2023 година комплетно се опреми нов Едукативен симулациски центар, место каде што покрај теоретско знаење, персоналот практично ќе може да ги подобри специфичните вештини потребни за работа во болницата, која работи според највисоките стандарди во здравството.
Едукативниот симулациски центар овозможува обуки на медицинските лица во услови кои се реални и симулираат една болничка соба, опремени со современи фантом-манекени за вежби, како и целокупна потребна медицинска апаратура и материјали.

Реализацијата на овој голем проект се оствари по успешно поминатата 3. реакредитација според JCI-стандардите од најпрестижната организација за акредитирање на здравствени установи според светски стандарди за квалитет и безбедност на пациентите, Joint Commission International. Во последната реакредитација во 2023, поглавјето поврзано со SQE (Staff qualification and education) беше истакнато како едно од најдобрите исполнети поглавја од JCI-стандардите.

Во планот за 2024 година е предвидена уште една едукациска новост, а тоа е проектот „Соба со грешки“ (Room of errors). Цел на ваквата симулациска обука е зголемување на перцепцијата на медицинскиот персонал и нивна максимална ефикасност, како и намалување на можните грешки во работата, со што ќе се усовршат сите методи на обезбедување соодветна нега на пациентите и нивна максимална безбедност.

Како врвна здравствена институција, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во континуитет се стреми да им овозможи на своите вработени професионален развој и да обезбеди пријатна и поттикнувачка работна средина.
Ново на Сител
-

Две четиричасовни блокади на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони
-

Повеќе скопски општини без струја и вода поради плански зафати
-

Во Берово утрово -9, во скопски Петровец -8 степени
-

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала
-

Потпишување договор за заем за обнова на возен парк на ЖРСМ Транспорт
-

Грушко: Русија гледа британско влијание во „најновите провокации“ на Украина
-

Трамп го предупредува Иран за можен напад
-

Зеленски: Не можеме само да се повлечеме од нашите територии
