Фудбал
19. January 2016 - 11:44

Комплетирано 22-коло во англиската Премиер лига

 
 
 
 
 
 
 Со натпреварот во кој Свонси  со 1:0 го победи Ватфорд, комплетирано е 22.коло во фудбалскиот шампионат на Англија.
 
На средбата одиграна синоќа победата на Свонси им ја донесе Ешли Вилијамс со голот постигнат во 27-та минута.
 
И покрај победата и освоените бодови, Свонси останува во опасната зона, односно на 18-место сега со 19 бодови, два помалку од Њукасл.   
 
На другите натпревари од ова коло кои веќе се одиграа, постигнати се овие резултати: 
Тотенхем – Сандерленд 4:1, 
Саутемптон – ВБА 3:0, 
Њукасл – Вест Хем 2:1, 
Манчестер Сити – Кристал Палас 4:0, 
Челзи – Евертон 3:3, 
Бурнемут – Норвич 3:0, 
Астон Вила – Лестер 1:1, 
Ливерпул – Манчестер Јунајтед 0:1 и 
Стоук – Арсенал 0:0.
 
Табела: Арсенал 44 бодови, Лестер 44, Манчестер Сити 43,  Тотенхем 39, Манчестер Јунајтед 37, Вест Хем 35 ...