Фудбал
17. March 2017 - 9:39

Комплетиран списокот на четвртфиналисти во Лига Европа

 
Со одигрувањето на реванш натпреврите од осминафиналната рунда познати се сите екипи кои ќе играат во 1/4 финалето на фудбалската Лига на Европа. 
 
Олимпик Лион иако загуби на гостувањето кај Рома со 2:1 сепак француската екипа ја сочува предноста од првиот меч (4:2) и се пласира меѓу осумте најдобри каде место обезбеди и Шалке кој во германската пресметка беше подобар од Борусија Менхенгладбах иако двата меча завршија нерешено. 
 
Пласман во 1/4 финалето обезбедија и: Гент, Селта Виго, Бешикташ, Манчестер Јунајтед, Андерлехт и Ајакс. 
 
Резултати од реванд 1/8-финалните натпреври: 
Генк – Гент 1:1 (2:5 прв натпревар), 
Краснодар – Селта Виго 0:2 (1:2), 
Бешикташ – Олимпијакос 4:1 (1:1), 
Рома – Олимпик Лион 2:1 (2:4), 
Манчестер Јунајтед – Ростов 1:0 (1:1),  
Борусија Менхенгладбах – Шалке 2:2 (1:1), 
Андерлехт – АПОЕЛ Никозија 1:0 (1:0) и 
Ајакс – Копенхаген 2:0 (1:2). 
 
Ждрепката за чатвртфиналето ќе се одржи попладнево