Компири и друга шверцувана стока од Северна Македонија запленети кај преминот Горица-Стење
Албанските власти заплениле поголема количина компири и друга шверцувана стока кај граничниот премин Горица-Стење која со помош на цариник и вработен во граничната полиција две лица се обиделе да ја внесат од македонска на албанска територија.
Во акцијата уапсени се две лица жители на село Орман, општина Малиќ, цариникот, како и еден полицаец од преминот Горица, кои се товарат дека ја злоупотребиле должноста дозволувајќи нелегален премин на стока.
– Запленетата стока била транспортирана со две возила управувани од О.Ч. и Р.О., од село Орман, кои полицијата ги запрела во близина на преминот, кај кои при контрола се пронајдени и одземени различни прехранбени производи без соодветна документација, стои во полициското соопштение.
Неодамна на овој граничен премин, во близина на Ресен, албанската полиција, уапси жител на Корча, под обвинение за шверц на гориво.
Тој со возило марка „мерцедес“, чиј резервоар го модифицирал и зголемил, според полицијата, од Македонија преку граничниот премин Горица шверцувал 300 литри нафта.
Ново на Сител
-
На Табановце спречен обид за шверц на луксузни часовници
-
Зеленски очекува наскоро да се разјасни какви безбедносни гаранции ѝ се нудат на Украина
-
Обвинителен акт против осум лица за злоупотреба на службена положба и незаконско посредување за престој на странци
-
Приведен 47-годишник од Виница, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и дигитална вага
-
На ГП „Табановце“ приведен германски државјанин, во неговото возило била пронајдена дрога
-
Приведен 58-годишник од Кочани, управувал возил со 2,31 промили алкохол во крвта
-
Кривична за 26-годишник од Скопје, кој на 16 август лажно пријави за подметната бомба во авион на скопскиот аеродром
-
Гутереш го повика Израел да го запре проектот за населување на Западниот Брег