Бизнис
24. July 2019 - 9:12

Компанијата „Пиксел Груп“ одбележува една година работење

Компанијата „Пиксел Груп“ денеска ќе одбележи една година од отворањето на првата фабрика за производство на фотоволтаични соларни модули во кругот на фабриката „Раде Кончар“ во Скопје.

„Пиксел Груп“ засега е единствена фабрика од ваков тип во државава и во регионот. Се простира на површина од 1.500 квадратни метри и ќе има капацитет за годишно производство на 20 мегавати монокристални и поликристални соларни модули.

Целта на оваа инвестиција е да се стимулира производството на соларна енергија како предуслов за зачувување на природната средина и да се овозможи одржливо и ефикасно снабдување на електрична енергија произведена од сончевата светлина.

Инвестицијата за првата година изнесува пет милиони евра, а вработени се 20 лица.