Компанијата на зетот на Трамп нудела американски визи на кинески инвеститори
Компанијата на семејството Кушнер на една инвестициска конференција во Кина им нудела влезни визи во САД на потенцијалните инвеститори, напоменувајќи дека во нејзин претседател до пред четири месеци бил сегашниот советник во Белата куќа и зет на претседателот Доналд Трамп,, Џаред Кушнер, откриваат американските медиуми.
Во 2008 година Џаред Кушнер бил именуван за прв човек во семејната компанија, која е вклучена во проекти во градежниот бизнис, но тој во јануари годинава ја напушти позицијата.
Неговата сестра Никола Кушнер-Мејер, која сега раководи со целиот бизнис, и се извини на Белата куќа што преку братот била вовлечена во рекламата и во работата на кинеската инвестициска конференција.
- Немавме намера преку споменувањето на советникот Кушнер, да обезбедиме потик и стимулација за потенцијалните инвеститори, посочува во извинувањето до Белата куќа сестрата на советникот Кушнер.
Медиумите, меѓутоа, откриваат дека проектот за изградба на голем станбено-деловен комплекс во Њу Џерси, кој им се нудел на инвестититорите во Кина се потпира врз новата програма за визи, позната како ЕВ-5, донесена од актуелната администрација.
Програмата е замислена да привлече странски инвеститори во САД, па овомзожува мигрантска виза и потенцијално добивање „зелена карта“ за престој во земјата, за секој што ќе инвестира најмалку 500 илјади долари.
Според изјавата на претставник на компанијата на Кушнер, само 15 отсто од предвидените средства од една милијарда долари, колку што се проценува дека чини градежниот проект, ќе бидат покриени преку инвестори кои ќе се користат со визниот режим кој практично значи „купување државјанство на САД“.
Визниот режим ЕВ-5 е дел од визната реформа на Администрацијата на Трамп, но таа е критикувана во Конгресот затоа што нуди продажба на американското државјанство само за многу богатите од разни страни во светот.
Ново на Сител
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника
-
Таравари: ДУИ да не политизира смртни случаи
-
Пожарот на Галичица делумно локализиран
-
АДКОМ на Балканската конференција во Приштина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ