Компанијата „Беко“ преку регионална турнеја „Јади како шампион“ во борба против дебелината и гојазноста кај децата
Дури 31 процент од машките деца и 29 проценти од девојчињата во Македонија имаат телесна тежина поголема од предвидената за нивната возраст. Од нив, 16 отсто од машките и 13 отсто од девојчињата се дебели. Со цел спречување на нарушувањата во исхраната и создавање на здрави навики кај децата компанијата „Беко“ преку платформата „Јади како шампион“ која последниве два месеци патуваше во земјите од регионот, а викендов се организираше и кај нас, сака да привлече внимание на важноста на здравата исхрана и нејзиното влијание на психо-физичкото здравје и развој на децата.
Турнејата е поддржана и од македонскиот готвач шеф Влатко Огненовски кој во рамки на кулинарската работилница пред присутните подготвуваше здрава храна според рецептите што се користат во подготовка на јадења за играчите на фудбалскиот клуб Барселона.
Компанијата Беко покажувајќи ја својата општествена одговорност и грижа за најмалите во рамки на регионалната турнеја донираше ваучер на Посебното Основно Училиште „д-р Златен Сремец“. Донацијата се состои од кујнски апарати, и уреди кои ќе се користат за подготовка на здрава храна за 111 деца од ова училиште.
На дводневниот настан покрај кулинарските работилници се организираа и наградни натпревари во подготовка на смути пијалоци за публиката и фудбалски натпревари за најмладите. Освен забавните содржини, посетителите ја погледнаа и новата линија на Беко уредите и сите паметни и корисни технологии кои ги олеснуваат подготовките на здравата храна.
.be
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка