Компанија Chips Way: Чипсот е уништен бил наменет само за еден клиент во Хрватска

Српската компанија – Chips Way – /Чачак/, денеска соопшти дека целата пратка на нејзиниот чипс со вкус на пиперка, што била испратена до компанија во Хрватска, е уништена како мерка на претпазливост бидејќи анализата покажала дека нивото на канцерогената супстанција акриламид е повисоко од дозволеното.
Компанијата во соопштението наведува дека информацијата за пратката на 33 палети ребраст чипс со вкус на пиперка во пакувања од 150 грама од својот клиент, компанијата Плодине, ја добила на 28 јули.
„Веднаш по добивањето на информацијата, контактиравме со клиентот, известувајќи го дека целата пратка ќе биде уништена како мерка на претпазливост и дека стока за замена ќе биде испратена што е можно поскоро. Редовната испорака веќе започна оваа недела. Имајте предвид дека овој производ е наменет исклучиво како бренд за хрватскиот пазар, за еден купувач“, се наведува во соопштението.
Компанијата изјави дека врши редовни анализи на своите производи, како и дека континуирано е предмет на контрола на надлежните органи.
Европскиот систем за брзо предупредување (RASFF) претходно објави дека високо ниво на акриламид е пронајдено во чипсот со вкус на пиперка произведен во Србија, а хрватскиот државен инспекторат потврди дека тоа е производителот Chips Way.
Ново на Сител
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
