Компаниите со иновативни проекти имаат на располагање средства од ЕИБ
Македонските компании може да аплицираат со иновативни проекти за добивање на финансиски средства од Европската инвестициска банка.
Средствата во висина од над 24 милијарди евра може да се искористат до 2020 година, а се наменети пред се за малите и средните компании од Западен Балкан кои имаат иновативни и развојни проекти.
Извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко Алексов денеска на прес-конференција информира дека финансиски средства се одвоени и за пилот проекти во областа на обновливите извори на енергија, проекти за вакцини, лекови, медицински и дијагностички уреди.
- Она што е важно за Македонија и компаниите од нашата земја е дека регионално активностите на ЕИБ се прошируваат со фокус на компании со иновативни проекти. Поточно утврдени се и категоризирани неколку сегменти за финансирање: банки и финансиски посредници, средни и големи иновативни бизниси, како и големи истражувачки и иновациски проекти кои произлегуваат од универзитетите и истражувачките организации, рече Алексов.
Финансирањето, како што појасни Алексов, ќе се одвива преку банките, поради што апелираше тие во следниот период да се концентирираат на иновативните компании и проекти.
Европската инвестициска банка досега преку четири транши има одвоено средства во вкупна вредност од 350 милиони евра за македонските компании. Искористеноста, како што оцени Алексов, е повеќе од задоволителна.
Ново на Сител
-
Скопје домаќин на форум за енергетската транзиција на Западен Балкан - МЕФ25
-
Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост
-
Трамп се надева дека Израел и Иран ќе постигнат договор
-
Иран нема да преговара за прекин на огнот со Израел додека траат израелските напади
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Барселона испратила барање до ФИФА да ѝ дозволи да учествува на Светското клупско првенство
-
Трамп отворен за идејата Путин да посредува меѓу Изрел и Иран
-
Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран