Македонија
2. February 2025 - 16:39

Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование

Компаниите од ТИР зоната во Штип мора да се вклучат во дуалното образование, за да си обезбедат соодветен кадар за во иднина, а учениците да се стекнат за практични знаења и искуства. Ова пред се, се однесува на учениците од средните стручни училишта, на кои покрај теорија, праксата им е неопходна за стекнување вештини кои подоцна ќе им помогнат подобро да се етаблираат на пазарот на трудот.

- Соработката со ТИР зоната во овој момент ни е на едно слабо ниво и се обидуваме преку помош и соработка со МОН, да се пробие таа бариера и во иднина ТИР зоната да прима наши ученици. Знаеме дека се е техника, се е наука и ако сакаме да оди напред нашата индустрија и општеството, ние мораме да ја продлабочиме соработката со компаниите, изјави Јованка Шалева, директорка на СОУ „Коле Нехтенин“-Штип

- Има интерес за дуалното образование, но не може да се спроведе поради немањето одговор од другата страна, од страната на бизнис заедницата, изјави Снежана Санева, раководител на сектор за образование-ЛС- Штип

Учениците од дуалните паралелки добиваат паричен надоместок од МОН за практична настава во компаниите во висина од 3500 денари. Со новиот Закон за средно стручно образование, компаниите кои ќе бидат вклучени во процесот ќе треба да им исплаќаат финансиски надоместок. 

- Како работодавачите да се мотивираат да вклучат поголем број ученици за практична обука, затоа што сепак целта на стручното образование е токму тоа, да работодавачите, преземајќи ги учениците во тек на средното образование, по завршување на истото да имаат база на ученици од кои понатаму ќе можат да црпат работна сила, изјави Марија Николиќ, директорка на на СОУ „Јане Сандански“-Штип

Со измените на државната матура, средношколците со дуално образование не се дикриминирани во поглед на тоа, дали можат да ја продолжат својата едукација на високо школските установи, но и да одберат да работат во компаниите каде посетувале практична настава.