Компаниите имаат недостаток на стручен кадар
62% од компаниите имаат недостаток од стручен кадар за своите потреби, покажале анализите на Стопанската комора од каде велат дека е потребно заедничко работење во интерес на државата.
-Од друга страна морам да потенцирам дека во извештајот на Европската Комисија се потенцираше дека 80% од невработените се долгорочно невработени заради тоа што немаат соодветни стручни вештини, се јавува како парадокс, од една страна немате доволно кадар, а од друга страна има невработен кадар. И компаниите потенциираа дека има неурамнотеженост на она што се бара од компаниите и она што се бара од образованието, изјави Наташа Јаневска, Стопанска комора на Македонија.
Јаневска вели дека причината за тоа е неусогласената уписна политика, и токму затоа со дијалогот за унапредување на средното стручно образование меѓу училиштата, министерството за образование и бизнис заедницата може да се креира уписна политика согласно потребите на компаниите.
- Дијалогот е од исклучтелна важност не само за учениците и локалната самоуправа, туку и за целокупниот раст и развој на нашата држава, бидејќи со овој процес ја обезбедуваме потребната работна сила која е дефицитарна во земјата и која е еден од поважните фактори за напредок“, рече Јетон Шаќири, министер за образование.
-Учениците не можат да стекнуваат само со теоретска настава, ако таа не најде применливост во самата работна компанија, тогаш не можеме да зборуваме за квалитетно образование, изјави Јаневска.
Од училиштата велат дека мора да постојана комуникација меѓу нив, општините и министерството, но битно е да се земат предвид и потребите на компаниите при отворање нови струки.
-Да не затвораме одредени паралелки, а да отвораме нови со два ученици и сите тие новоотворени струки, поттикнуваат уште многу работни места, многу финансии, а за два ученици уште 13-14 други кадри да примите во училиштето, каква финансиска импликација ќе значи за училиштето, рече Динче Кочевска, вд директор на СОУ „Цар Самоил“ Ресен.
Од министерството за образование велат дека како резултат на овој дијалог, минатата година во овој регион беа отворени пет дуални паралелки, од нив три во Битола и по една во Демир Хисар и Ресен.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
