Бизнис
16. December 2015 - 20:15

Компаниите и даваат идеи на владата за подобрување на деловната клима

Владата ги кани компаниите да ги кажат конкретните проблеми во работењето, како и предлози за подобрување на општата клима за водење бизнис. Останува уште половина месец да го сторат тоа во петтиот циклус на „Учиме од бизнис заедницата“, проект што се спроведува од 2010.

Од почетокот на проектот претставници на владата разгледале над 700 барања и иницијативи, посетиле 517 компании и прифатиле и реализирале половина од предлозите.

Над 200 биле индивидуални проблеми на фирми кои потоа биле решени, а остатокот се иницијативи за реформи и системски подобрувања на деловното опкружување.

Некои од донесените мерки на основа на предлози од бизнис заедницата се намалување на ДДВ од 18% на 5% на промет и увоз на добиток, воведување електронски систем за побрзо носење на урбанистички планови, воспоставување на директната линија Охрид – Лондон, воведување приоритетни ленти за транспоретерите на Табановце и Богородица, 24-часовно работно време на угостителски објекти лоцирани на гранични премини, аеродроми, железнички, бензински  станици, магистрални, регионални патишта и булевари.