-->
-->
Компани отпадна од ЕП во Франција
-->
Фудбалерот на Манчестер Сити, Венсан Компани, соопшти дека поради повреда на листот од ногата нема да биде во составот на Белгија на Европското првенство во Франција.
Компани оваа сезона има одиграно само 14 натпревари за Меначестер Сити во Премиерлигата, поради повредата со која се здоби во септември минатата година. Капитенот на Сити и белгиската репрезентација, во средата одигра нецели десет минути во Лигата на шампионите против Реал во Мадрид, кога поради повреда на препоните го напушти теренот.
„Нема да играм на ЕП во Франција. Многу сум тажен. Би можел сега да се сожалувам, би можел да стравувам за кариерата, како и сите останати. Би можел да се откажам. Но јас не сум таков, јас одлучувам за својата иднина. Ќе останам мирен и позитивен. Им верувам на моите пријатели и соиграчи дека ќе нé направат горди на ЕП во Франција. Сега и официјално сум најголем навивач на репрезентацијата и ќе бидам таму да ги поддржам соииграчите“, напишал на својот профил на социјалната мрежа Faceboоk, Компани.
Европското првенство во Франција ќе се одржува од 10. јуни до 10. јули, а Белгија се наоѓа во група со Италија, Република Ирска и Шведска.
Инаку Компани е третиот фудбалер кој оваа недела соопшти дека поради повреда нема да игра на ЕП, претходно тоа го направија Англичанецот Алекс Окслејд-Чембрлен и Германецот Илкај Гундоган.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица