Македонија
5. July 2016 - 16:41

Компакт диск со Гласоечко пеење, заштитено од УНЕСКО

Откако лани во декември двогласното машко пееење наречено гласоечко беше впишано во  листата на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство Триото Гавровски од Тетово со помош на Министерството за култура издаде компакт диск со 16 песни.

На промоцијата во Тетово зборуваа стручни лица од областа на заштитата на културното наследство.

Гласоечко е специфична музичка вокална форма карактеристична за долнополошкиот регион од Македонија.

Претставува пеење со разлика на два гласа, од кои едниот виши, а другиот сложи.

Пеењето Гласоечко е трето културно добро што Македонија го впиша во листата на заштитени добра на УНЕСКО.