Македонија
16. October 2015 - 8:40

Комората за приватно обезбедување одбележува 15 години постоење

Со промоција на монографија и книгата „Приватна безбедност-теорија и концепт“, Комората на Република Македонија за приватно обезбедување денеска ќе одбележи 15 години од постоењето.

Како што е најавнео, на промоцијата меѓу другите ќе се обратат Верица Милеска-Стефановска, претседател на Комората на РМ за приватно обезбедување и Горанче Савовски, директор на Бирото за јавна безбедност при МВР.

Од Комората информираат дека во Република Македонија во секторот приватно обезбедување работат околу четири илјади работници. До денес МВР има издадено вкупно 203 дозволи за работа за физичко обезбедување и 40 дозволи за техничко обезбедување, а издадени се 154 дозволи за обезбедување за сопствени потреби. Обезбедување вршат 91 правно лице, во вид на давање услуги, кои своето работење го усогласиле со Законот за приватно обезбедување во однос на основниот критериум за минимум број легитимации.