Бизнис
11. February 2022 - 16:36

Комората за енергетика најавува протест на 25-ти февруари

Околу една милијарда евра, Македонија ќе ја чини енергетската криза, покажуваат пресметките на Стопанската комора за енергетика. Вината за тоа ја гледаат во како што велат лошото менаџирање на надлежните институции уште од самиот старт на оваа криза. Тврдат дека ако државата обезбедеше струја во моментот кога  веќе почнаа првите осцилации на берзите, ќе ја платеа по многу пониска цена, а граѓаните и фирмите немало да се соочат со драстично зголемени трошоци и високи сметки,  кои сега не знаат како да ги платат.

На 25 месецов од комората најавија дека излњегуваат на протести, поради тоа што Владата останала глува на нивните барања и предлози за кои тврдат дека би помогнале за надминување на проблемите.

Вчера пак министерот Бектеши посочи дека досега енергетската криза ја чини државата 170 милиони евра. 120 милиони евра се префрлени на ЕСМ за справување со проблемите и со струјата и парното, а дополнително се обезбедени уште 47 милиони евра.

Познавачите очекуваат постепено стабилизрање на пазарот со електричната енергија во летните месеци.