Комората на извршители и АВРМ потпишаа Меморандум за соработка

Меморандум за соработка за електронска проверка на податоци во Агенцијата за вработување на Македонија, денеска потпишаа директорот на АВРМ Влатко Поповски и претседателот на Комората на извршители, Зоран Петрески.
Со Меморандумот се предвидува користење на новата услуга на Агенцијата за електронска проверка на податоците кои Агенцијата досега ги давала во печатена форма.
-Со новата услуга ќе се намалат времето и трошоците на Агенцијата во делот на ангажирање на луѓе и изработка на тие документи, трошење на тонери, хартија...односно се што претставува товар на Агенцијата, ќе се намали, појасни Поповски.
Проектот на Агенцијата, според претседателот на Комората Петрески, ќе претставува олеснителна околност како за извршителите така и за должниците кои ќе добијата помали трошоци за изработка на тие документи.
-Овој систем ќе овозможи две клучни работи. Прво е брзина и ефикасноста, а второ намалување на трошоците. Крајно, корист од овој систем ќе имаат граѓаните на Република Македонија кои се должници во постапките, истакна Петрески.
Услугата на АВРМ стартува од денеска, а покрај извершителите, корисници ќе бидат и граѓаните, нотарите, институциите...кои ќе можат да добиваат онлајн податоци за пократко време.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
