Македонија
23. December 2021 - 19:47
Комодита Хоум донираше 100 душеци во Црвениот крст
Во пресрет на празниците фирмата Comodita Home ќе помогне на семејства од социјанел ризик. Најголемиот малопродажен ланец за производи за домот во земјава пред Пунктот за бездомници на Црвениот крст во Момин Поток. донираше 100 душеци во вредност од над 2 милиони денари.
Од компанијата велат дека годинава донирале во болници, клиники, ковид-центри детски домови, а со ова темпо планираат да ја продолжат својата хумана мисија.
Од Црвен крст пак велат дека ќе се погрижат душеците да завршат во домовите на оние на кои им се најпотребни и се надеваат дека и други компании ќе го следат примерот.
Под мотото Секој сон е важен , годинава Comodita home донираше над 1500 душеци во вредност од 100 000 евра во повеќе социјални и здравствени установи.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
