Комитетот на министрите на СЕ и натаму ќе следи дали ОМО Илинден ќе биде регистрирано во Бугарија
Комитетот на министри на Советот на Европа кој заседаваше на ниво на заменици, на состанокот посветен на почитувањето и спроведувањето на пресудите донесени од Европскиот суд за човекови права, одлучи и понатаму да го следи случајот со регистрацијата на ОМО Илинден од властите на Бугарија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Во одлуката објавена денеска, Комитетот на министрите на Советот на Европа, најнапред, изразува длабока загриженост во врска со фактот дека по првата пресуда која стана правосилна во 2006 година, на здружението ОМО Илинден три пати му беше одбиено барањето за регистрација, со образложение чии делови беа веќе критикувани од страна на Европскиот суд.
Претставниците на владите на 47-те земји членки сметаат дека оваа ситуација ја покажува важноста за властите да се грижат, за да се обезбедат и преземат сите неопходни мерки секое идно барање за регистрација на ОМО Илинден, поднесено во рамките на новата процедура за административна регистрација на здруженија, која ќе стапи на сила на 1 јануари 2018 година, да биде разгледано во целосна согласност со барањата од членот 11 од Конвенцијата за човекови права. (Член кој се однесува на слободата на собирање и здружување)
Во овој контекст, земајќи ги во предвид дополнителните информации во врска со оваа нова процедура за регистрација, Комитетот на министрите на СЕ ги повика бугарските властите да усвојат дополнителни мерки за одредување на степенот на контрола на законитоста на барањето за регистрација, особено во однос на делот со кој се оценува целта на здруженијата.
Властите од Софија се охрабрени да продолжат да преземаат мерки за да се подигне свеста на функционерите одговорни за регистрација и на надлежните судови во рамките на новиот механизам за регистрација.
На крајот Комитетот на министрите на Советот на Европа, потсетува на неговото барање за добивање на регулаторните акти за спроведувањето на новиот механизам за регистрација и да одлучи да продолжии понатаму со разгледување на оваа група на предмети, на состанокот закажан за во јуни 2018 година.
Ново на Сител
-
Концентрациите на PM10 во Трубарево во рамки на дозволеното и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност
-
Вчера лишени од слобода деветмина, а санкционирани 772 возачи за разни прекршоци
-
Земјотрес со јачина од 4.8 степени во близина на Света гора
-
Трамп: Газа е „вистински хаос, се надеваме дека ќе постигнеме нешто“
-
Вечер доделување на Златната топка, двајца фаворити
-
Трамп на комеморацијата на Кирк: Ако даде Бог, убиецот ќе ја добие најтешката казна за злосторството
-
Мицкоски на работна средба со претседателот и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи
-
ЦУК: Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода