Комисиска расправа за Предлог-измените на Законот за урбанистичко планирање
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за транспорт, врски и екологија, на која се очекува да се расправа по Предлог измените на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка.
Како што стои во образложението објавено на собраниската веб-страна, целта на Предлог-измените е доуредување на одредбите за урбанистичко планирање во врска со зафаќањето на земјоделско земјиште од I до IV катастарска класа, усогласување со Законот за јавни набавки и продолжување на рокот за донесување на урбанистичките планови започнати по други закони.
-Со овој предлог на закон ќе се доприцизираат одредбите за урбанистичко планирање во врска со зафаќањето на земјоделско земјиште од I до IV катастарска класа и ќе се усогласат со Законот за земјоделско земјиште кој исто така е во постапка на изменување во однос на овие одредби во врска со зафаќањето на земјоделско земјиште од I до IV катастарска класа, стои во Предлог-законот.
Како што се посочува во образложението, ќе се дополни и одредбата за доставување на податоци и информации во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање, што се неопходни за изработување на урбанистичките планови односно проекти, а произлегуваат од постојните и предложените подрачја за заштита и подрачја на светското наследство.
- Исто така, изборот на вршителот за работи од урбанистичкото планирање што ги вршат правни лица со лиценца за изработување на урбанистички планови, за планови и проекти финансирани со средства од буџетот на општината, општината на градот Скопје и градот Скопје ќе се спроведува на начин и постапка согласно со Законот за јавните набавки, се вели во образложението за Предлог-законот.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање