Комисиска расправа за нов Деловник на Собранието
Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ја почна расправата за нов деловник за работа на Парламентот. Новиот Деловник се носи во редовна постапка и е предложен од страна на претседателот на законодавниот дом Талат Џафери. Предлогот е резултат на петгодишни разговори на пратеничките групи во рамки на Жан Моне процесот, што се одвива со посредство на европратеници.
Џафери образложувајќи го предлогот кажа дека за него има консензус, дека се носи во редовна постапка и оти на тој начин ќе има можност сите пратеници да поднесат амандмани.
- Текстот е оптимален, но не е идеален, рече Џафери.
Предлог Деловникот очекувано доби поддршка и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Димитар Апасиев од Левица посочи повеќе забелешки и тоа двојазичноста која како што кажа се легализира во Собрание, неодѕивање на функционери на покана на Собрание, во делот кој може да свика седница, и легализирање на европското знаменце. Апасиев забележа дека ќе се укине филибастерингот односно ќе се стави ограничување на дебатите на комисиите. Најави амандмани за Деловникот за кои рече дека ќе се разговара за до крајот на годината да се донесе деловникот.
Со новиот Деловник ќе има во еден дел суштински измени во работата на парламентот во делот на поставување пратенички прашања, собраниските комисии ќе имаат рок во кој ќе треба да ја завршат дебатата за одреден закон, ќе има промена во делот на процедуралните забелешки и друго.
Ново на Сител
-

Мисајловски на саемот IDEB во Братислава, ќе се сретне со министрите за одбрана на Словачка и Чешка
-

Премиерот Мицкоски учесник на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“
-

Седници на две собраниски комисии
-

Трамп ги нарече Венс и Рубио „тимот од соништата“ за Белата куќа
-

Поранешниот шеф на кабинет на Зеленски осомничен за перење пари
-

Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд, грмежи и засилен ветер
-

Трамп изјави дека прекинот на огнот е на „апарати за дишење“, го нападна „глупавиот предлог“ на Иран
-

Товарно возило усмрти 89-годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп
