Комисиска расправа за Извештајот на ЈО за посебните истражни мерки во 2022 година
Собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите денеска треба да расправа за Извештајот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија за примена на посебни истражни мерки во 2022 година.
-Од примената на посебните истражни мерки во 2022 година, забележително е дека има минимално намалување на бројот на случаи во кои биле применети вакви мерки во однос на 2021 година, но затоа во истиот период удвоен е бројот на опфатени лица, а исто така и бројот на предмети кои биле опфатени со мерките бележи благ нагорен тренд. Ова укажува на фактот дека предмет на кривичен прогон биле посложени облици на организиран криминал и криминални организации кои претставуваат
и најголема општествена опасност и токму заради нивното сузбивање се воведени овие алатки како инструмент за справување со овие штетни појави, стои во заклучоците од Извештајот.
Како најприменувани посебни истражни мерки во континуитет со минатите години се мерките од член 252 ст.1 т.1 (Следење и снимање на телефонските и други електронски комуникации) и од член 252 ст.1 т.3 (Тајно следење и снимање на лица и предмети со технички средства надвор од домот или деловен простор означен како приватен). Ова, стои во заклучоците, укажува дека овие мерки се покажуваат како најкорисни инструменти кои даваат резултати.
-Како и минатите години, забележително е дека посебните истражни мерки во најголем број случаи се применувале за обезбедување докази за кривичното дело - Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и перкурсори од чл.215 од КЗ, додека за другите кривични дела определени се во помалку случаи. Во однос на 2021 година примената на посебните истражни мерки во 2022 година била поефикасна, бидејќи поголем број случаи завршиле со понатамошни постапки, отварање на истрага и подигнување на обвинение, стои во извештајот.
Ново на Сител
-
Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина
-
Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје
-
Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД
-
Одбележана 10 годишнина од настаните во Диво Насеље
-
Турчин во Скопје со капак од шахта удирал по глава свој сонародник, пробал да го убие
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија