Комисијата за финансирање и буџет ја почнува амандманската расправа за ребалансот - поднесени 224 амандмани

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. Седницата е закажана за 11.30 часот, а пред членовите на Комисијата се вкупно 224 амандмани: 87 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и осум од ВРЕДИ.
Согласно собранискиот Деловник, расправата може да трае најмногу десет работни дена, по што предлог-ребалансот ќе се најде на пленарна седница.
Во рамки на тридневниот општ претрес, пратениците од власта и опозицијата ги спротивставија ставовите - според ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот има развојна компонента и предвидува нови, сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти што ќе значи дополнителна екномска активност, нови работни места и подобар животен стандард, додека според СДСМ, проекциите се нереални, несериозни и тешко остварливи, базирани на преоптимистички очекувања.
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска кога го образложуваше ребалансот истакна дека предвидените измени во Буџетот не се резултат на недостиг на приходи или нарушена ликвидност, туку на потребата буџетските проекции да се усогласат со актуелните економски услови. Според неа, со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за редовна исплата на плати во секторите каде што има зголемување, за поддршка на земјоделството, социјалната заштита, општините и за интензивирање на капиталните инвестиции.
Со ребалансот, вкупните приходи се ревидираат на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за околу 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос на иницијалниот Буџет за 2026 година. Вкупните расходи, пак, се ревидираат на 425,2 милијарди денари. Обезбедени се дополнителни средства за капитални инвестиции кои достигнуваат околу 46 милијарди денари и се зголемуваат за околу 5,8 милијарди денари, зголемување за 14,5 проценти. Согласно проекциите, годинава се очекува економски раст од 3,5 отсто, инфлација од 4,5 проценти и буџетски дефицит 4,1 отсто од БДП.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
