Комеморација по повод Јом Ашоа и промоција на „Ноќта“ од Ели Визел
Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ќе се одржи комеморацијата по повод Јом Ашоа и ќе биде промовирана книгата „Ноќта“ од нобеловецот Ели Визел.
Јом Ашоа е национален комеморативен ден на холокаустот и херојството на Државата Израел што се одбележува во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и комеморативен ден на шест милиони Евреи убиени во холокаустот.
Книгата мемоари „Ноќта“ е објавена од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и „Арс Либрис“ (дел од „Арс Ламина – публикации“). Во неа Ели Визел (1928-2016) го опишал она што самиот го преживеал во логорите на смртта. Делото најавтентично го опишува холокаустот низ очите на авторот, кој како 15-годишно момче го преживеал холокаустот во Аушвиц. Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Тодор Чепреганов.
Комеморацијата со која ќе биде одбележан Јом Ашоа ја организираат Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.
Ново на Сител
-
Иран: Најмалку 610 лица се убиени од почетокот на војната со Израел
-
Трамп го предупреди Израел дека го крши примирјето
-
Пронајден починат 32-годишник од Скопје во стан на подрачјето на Карпош
-
Една девојка потешко и друга полесно поведена откако возило излетало од патот Кавадарци - Неготино
-
Стоилковиќ: Меѓуетничките односи се стабилни
-
Јаневска: По една година имаме видливи резултати во образованието, ќе станат јасно видливи на крајот на мандатот на оваа Влада
-
Нов случај на семејно насилство во Кавадарци
-
Одбележан Денот на јавните службеници – Мицкоски со порака дека државниот службеник претставува огледало на државата