Комарци првпат забележани на Исланд

За првпат во историјата, комарци се најдени на Исланд. Имено, три единки од видот „Culiseta annulata“ се откриени овој месец, од страна на Бјорн Хјалтасон во неговата градина во Општината Кјос во западен Исланд, кој за „Исланд монитор“ (Iceland Monitor) изјави дека никогаш порано не видел вакви инсекти.
-Веднаш можев да кажам дека ова е нешто што никогаш порано не сум го видел, рече Хјалтасон за првата најдена единка.
Од 16 до 18 октомври, тој фати уште два комарци, по што ги испратил трите единки за проучување и идентификација кај Матијас Алфредсон – ентомолог во Исландскиот природонаучен институт. Тој потврдил дека станува збор за видот „Кулисета анулата“, и оти две се женки и еден мажјак.
На Фејсбук, по тој повод, Хјалтасон напиша дека „последната тврдина падна“, бидејќи Исланд досега се сметаше за една од земјите каде што нема комарци. Тој рече и дека се сомнева дека комарците пристигнале во неговата градина од пристаништето Грундартанги, оддалечено само шест километри, каде што пристигнуваат бродови и контејнери, каде што би можело да има комарци.
МИА
Ново на Сител
-

Повредени четворица малолетници и 21-годишно момче, откако возило излетало од патот Ржаничино - Таор
-

Спајиќ: Црна Гора има резерви гориво за два месеца
-

Две лица повредени по сообраќајка во Куманово, удрени и три паркирани возила
-

Кривична за малолетничка од тетовско, нападнала брачен пар
-

Фон дер Лајен: Европа не може да го реши секој проблем во светот
-

Проширена истрага за пожарот во Кран-Монтана на претставници на локалните власти
-

Путин му посака успех на новиот ирански врховен лидер
-

Осум од 11 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување возило, управувале возило без возачка дозвола
