Свет
12. November 2019 - 13:36

Командантот на Исламик Џихад бил убиен на спиење, тврди неговиот татко

Таткото на командантот на екстремистичката група Исламик Џихад, Салим Абу ел Ата, изјави дека неговиот син Баха, кој е убиен во израелскиот напад врз Појасот Газа, последните денови бил многу повнимателен.

Тој истакна дека неговиот син исчезнал една недела пред нападот и се вратил синоќа да преспие во својот дом.

– Злосторство е да се бомбардира додека спие дома – нагласи таткото на командантот.

Салим Абу ел Ата потврди дека во нападот е убиена и сопругата на неговиот син. Тој имал пет деца, а се придружил на групата Исламик Џихад кога имал 16 години.