Коман го напушта Баерн по 10 години
По 10 години поминати во дресот на Баерн Минхен, Кингсли Коман одлучи да го напушти клубот и најверојатно ќе замине во Саудиска Арабија.
Французинот има договор со Баварците до јуни 2027 година, но клубот му излезе во пресрет и се договори со него да го остави да ја смени средината на лето. Колку пари може само да се претпостави, а Флоријан Плетенберг, новинар специјализиран за фудбал во Германија, истакнува дека сумата нема да надмине 40 милиони евра.
Лесно може да се случи да го пуштат за помалку пари затоа што ќе им заштеди околу 40 милиони евра за плати за две сезони. Ал-Наср беше упорен пред една година, Ал-Итихад се вклучи оваа зима и сигурно е дека понудата ќе биде попрофитабилна од сегашната плата од 17 милиони евра.
Сепак, постои интерес од Ливерпул како замена за Мохамед Салах, доколку Египјанецот го напушти „Енфилд“.
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење