Свет
23. јуни 2016 - 12:54

Колумбиската Влада и ФАРК постигнаа договор за примирје

Колумбиската Влада и бунтовниците од марксистичката група Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК) денеска соопштија дека постигнале историска спогодба за примирје, која би можела да означува клучен чекор кон потпишување на конечен мировен договор. 

Дефинитивниот билатерален договор предвидува прадавање на оружјето од страна на бунтовниците, безбедносни граници и борба против организираниот криминал, се наведува во заедничкото соопштение на колумбиската Влада и ФАРК. 

Во соопштението не се објавени конкретните детали на договорот, туку само се наведува дека ќе бидат презентирани подоцна во текот на денов. 

Заедничкото соопштеие е објавено во Хавана, каде двете страни ги започнаа мировните преговори во ноември 2012 година.

Колумбиската граѓанска војна меѓу владините сили и ФАРК однесе повеќе од 220.000 животи и принуди речиси пет милиони луѓе да ги напуштат своите домови.