Колумбиската Армија за национално ослободување ќе ги прекине нападите до референдумот
Втората по големина бунтовничка групација во Колумбија, Армијата за национално ослободување (ЕЛН), прогласи едностран прекин на нападите до 2 октомври, за кога е закажан референдумот за мировната спогодба меѓу Владата и Револуционерските вооружени сили на Колумбија (ФАРК), изјави колумбискиот министер за внатрешни работи Хуан Фернандо Кристо.
- Одлуката, која ја соопшти ЕЛН е добар знак и Владата ја поздравува. Таа ќе го овозможи гласањето на териториите, каде дејствува ЕЛН, рече Кристо на прес-конференција.
Тој изрази надеж дека ЕЛН ќе ги ослободи сите заложници, кои ги држи и ќе се откаже од праксата да киднапира луѓе.
- Доколку тоа биде решено во следните недели, ќе можеме да седнеме на преговарачка маса со веќе објавениот дневен ред. Владата е целосно подготвена за дијалог, но тие бунтовници треба да сфатат дека во ова време киднапирањата се неприфатливи за колумбиското општество, додаде Кристо.
Колумбијците ќе гласаат на 2 октомври за тоа дали да се одобри со закон мировната спогодба меѓу Владата и ФАРК, најголемата бунтовничка група во земјата.
Ново на Сител
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда
-
Годинава се очекуваат околу 65 милиони килограми од популарната црвена пиперка ајварка
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква