-->
-->
Колку ќе заработи Раниери за титулата
-->
Тренерот на Лестер, Клаудио Раниери, кој е на прагот богатата спортска кариерата конечно да ја круниса со шампионската титула, доколку ја освои Премиерлигата ќе добие дополнителен бонус од клубот.
Пред почетокот на сезоната Раниери со Лестер потпишал договор во кој се вметнати неколку калузули, меѓу кои и онаа дека му следува парична награда од пет милиони фунти доколку Лестер стане шампион.
Италијанскиот стратег е блиску да ја оствари целта, бидејќи Лестер на три кола до крајот на Премиерлигата треба да освои уште само три бода за прв да ја мине целта.
Како што пишува Times, Раниери има и клаузула според која за секој пласман на тимот над 18-то место добива по 100.000 фунти, што значи дека ако биде прв ќе добие уште дополнителни 1,7 милиони фунти.
Колкави и да се бонусите, Ранери најзадоволен ќе биде со освојувањето на титулата, бидејќи многумина го нарекуваат „вечен губитник“. Имено Раниери никогаш во кариерата како играч и тренер не освоил шампионска титула.
Во тренерската кариерата ги предводел Наполи, Фиорентина, Валенсија, Атлетико Мадрид, Челзи, Јувентус, Рома, Интер, Монако...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Започнува Генералното собрание на ОН, Сиљановска Давкова ќе учествува на Годишниот состанок на Платформата на жени – лидери
-
„Јутјуб“ воведува реклами на паузирано видео
-
САД: Жртва на киднапирање се спои со семејството по 70 години
-
Новата сезона во АБА 2 стартува утре со три македонски екипи
-
Менди го продолжи договорот со Реал
-
Верстапен: Второто место е добро достигнување
-
Шолц: Германија нема да ги отстрани ограничувањата на Украина за оружјето со долг дострел за гаѓање цели во Русија
-
Земјотрес и цунами во Јапонија