-->
-->
Колку чини Вестбрук, 220 милиони!
-->
Оклахома Сити има подготвено петгодишен договор за Расел Вестбрук кој ќе ги урне сите рекорди во НБА лигата. Тимот е подготвен на својот најдобар играч за пет години да му исплати сума од 220 милиони долари.
Расел Вестбрук во регуларниот дел на сезоната го собори 56 години стариот рекорд на Оскар Робертсон откако на 42 натпревари оствари трипл-дабл. Сезоната ја заврши со просечни 31,6 поени, 10,7 асистенции и 10,4 асистенции.
Вестбрук ја однесе Оклахома во плеј-офот, каде во пет натпревари загуби од Хјустон.
Бидејќи влијанието на Вестбрук во тимот е огромно, сопствениците подготвиле за него петгодишен договор, според кој би заработувал повеќе од 40 милиони долари годишно.
„Не сум размислувал за продолжување на договорот, но очигледно е дека Оклахома е местото каде што сакам да бидам“, им изјавил Вестбрук на американските медиуми.
Инаку, Вестбрук минатата година потпиша нов, тригодишен договор вреден 86 милиони долари. Според тој договор, Вестбрук, по истекот на првите две години доколку сака може да стане слободен агент.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
6 лица повредени во сообраќајка кај Дебарца
-
Седница на собранието
-
СДСМ: Владата да најде лекови за Онкологија
-
ДУИ: Граѓаните плаќаат за министрите на Вреди да се шетаат
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се извини за Груби
-
ДКСК на второ место согласно Извештајот за транспарентноста на државните институции за 2024
-
Прилепското обвинителство чека извештај од полицијата за повредениот ученик
-
Тошковски: Се собираат дополнителни докази за бегството на Артан Груби