Балкан
29. July 2018 - 13:26

Колинда упати емотивна порака: Заминувањето на Оливер го доживуваме како губиток на член од семејството

Претседателката Kолинда Грабар Китаровиќ упати искрено сочуство до семејството на Оливер Драгоевиќ, истакнувајќи како Оливер ќе остане неизбришлив траг во антологијата на хрватската музика и како неговото заминување цела Хрватска го доживува како губиток на член од семејството.
 
- Почитувано семејство Драгоевиќ, со длабоко жалење и тага ја примив веста за смртта на Оливер Драгоевиќ, музичар и единствен уметник на даламтинскиот звук кој нас тој глас не следи цел живот, не тешеше во нашата тага, не освежуваше во нашите љубови и ги развеселуваше нашите веселби и радости. Песните на Оливер не пратат од детството и затоа неговиот глас не можеме да го заборавиме, бидејќи е испреплетен со најсреќни, најтажни моменти од нашите животи. Тој беше омилен низ цела Хрватска, а и пошироко,напишала Колинда.