Колева: ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати пораката од граѓаните и да го поддржи Ребалансот на буџетот
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
На дебаклот од митинг, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски добија јасна порака од граѓаните дека не сакаат блокади и деструкции.
ВМРО-ДПМНЕ треба да ги прифатат овие пораки од граѓаните и да го променат својот деструктивен начин на однесување.
Во време на најголема глобална економска и енергетска криза сите партии треба да го стават интересот на граѓаните на прво место и така да постапуваат.
Темата за предвремени избори е затворена до 2024 година, сега граѓаните очекуваат од сите пратеници и политички партии да покажат одговорност и посветеност.
Потребно е вклучување на сите капацитети во поддршка на граѓаните и политиките за зголемување на животниот стандард на граѓаните, поддршка на компаниите и мерките за справување со последиците од кризата.
Ефикасноста во донесување на законите е еден од начините.
Оттука, ВМРО-ДПМНЕ преку своите пратеници во Собранието да даде поддршка на ребалансот на Буџетот за 2022 година кој влезе во амандманска расправа.
Овој ребаланс обезбедува дополнителни средства за нови антикризни мерки, за повисоки плати и пензии, за повеќе инвестиции во енергетиката и производството на храна и затоа е важно тој да биде усвоен што побрзо.
Прес-конференција на СДСМ, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста-СДСМ
Ново на Сител
-
Идеите за градба не само во Охрид туку во целата држава според екологистите предизвикуваат свлечишта
-
Управата повторно ги отвора матичните канцеларии во селата
-
Преглед на вестите од светот
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ