Ракомет
14. January 2017 - 12:02

Колев: Победата е важна заради континуитет

На Светското првенство во Франција селекторот на Македонија Лино Червар се реши да настапи со двајца дебитанти на голот Кирил Колев и Благојче Трајковски, додека третиот голман Никола Митревски остана на трибините.

-        Ги гледавме со Словенија, не е вистинската Ангола која избори пласман на Светското првенство. Загубија со голема разлика, но до 20 минута играа добро. Висока шутреска екипа се и ќе треба добро да внимаваме на нив. Важно е да се победи за да имаме контунутет за да бидеме поблиску до осминафиналето. Ако играме како што игравме последните 15 минути можеме да играме против секој на шампионатот, изјави дебитанот во нашата репрезентација голманот Кирил Колев.