Коки: Жал ми е што на крајот не се испративме со Дуле
Дуото Коки и Дуле беа синоним за добра забава и вистинско уживање.Дуле и Коки оставија белег на музичката сцена и ноќниот живот.
Има многу работи што останаа искажани и недоискажани. Просекот беше околу 130-150 (некогаш и повеќе) настапи во годината, 20 години наназад, 3 објавени албуми и 1 необјавен. Во тоа време, па и сега, репер за нечија популарност беше да се наполни „Универзална сала“. Ние се смеевме, затоа што секој викенд во Струмица, Охрид, Кавадарци, Штип, Скопје, полневме по четири Универзални сали. Практично, на нашите настапи доаѓаа од 1.000 до 4.000. – вели Коки во интервју за Убавина и Здравје.
Коки во интервјуто открива за што најмногу жали
- Си имавме свои задолженија, јас повеќе околу снимањата и организацијата на настапите, но ако некој знаеше како треба со публиката, тоа беше Дуле. Жал ми е што на крајот не се испративме, таква беше болката и кај него и кај мене. Но за тоа во некоја друга пригода- додава тој.
Ново на Сител
-
ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ – Најавува формирање на „Коалиција за зелена иднина“
-
Лекарите со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Израел го нападна Фордо, додека Трамп најави „промена на иранскиот режим“ по американските напади
-
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
-
Вевчани инспирација за уметниците
-
26 годишен Македонец лани загинал во Чешка, братот бара одговори за причината за смртта
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта