Коки: Жал ми е што на крајот не се испратив со Дуле
Во интервјуто за печатеното издание на списанието „Убавина и здравје“, Николчо Јанков, познат едноставно како Коки или описно, како Коки од „Дуле и Коки“, зборува за искуството од двете децении со Дуле, како и за Тајфата.
- Има многу работи што останаа искажани и недоискажани. Просекот беше околу 130-150 (некогаш и повеќе) настапи во годината, 20 години наназад, 3 објавени албуми и 1 необјавен. Во тоа време, па и сега, репер за нечија популарност беше да се наполни „Универзална сала“. Ние се смеевме, затоа што секој викенд во Струмица, Охрид, Кавадарци, Штип, Скопје, полневме по четири Универзални сали. Практично, на нашите настапи доаѓаа од 1.000 до 4.000. Си имавме свои задолженија, јас повеќе околу снимањата и организацијата на настапите, но ако некој знаеше како треба со публиката, тоа беше Дуле. Жал ми е што на крајот не се испративме, таква беше болката и кај него и кај мене. Но за тоа во некоја друга пригода, вели Дуле.
Повеќе прочитајте на Убавина и здравје.
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот на Скопска Црна Гора, сомнежите се дека е подметнат
-
Оспореното упатство на ДИК за независните кандидатури пред Уставен
-
Во понеделник пресуда за онкологот Мери Пешевска која призна вина за несовесно лекување пациенти
-
СДСМ бара оставка од министерката за образование поради недостатокот на учебници
-
Ноќеска тишина го обви Штип - „Ѕвездено небо“ за загинатите во Кочани
-
Збогум Буково - Приоритет заштита на животната средина
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто се скапи земјоделските производи? Кој заработува на грбот на земјоделецот?