Кокаин вреден 225 милиони евра е запленет во Холандија
Холандските цариници запленија три тони кокаин, скриени во буриња со пире од банани, соопштија денеска властите. Ова досега е еден од најголемите удари против трговијата со дрога.
Дрогата се наоѓала во контејнер, испратен од Еквадор и наменет за Базел, Швајцарија. Пратката е пронајдена на пристаништето во Ротердам за време на рутинска проверка.
– Кокаинот, кој чини околу 225 милиони евра на црниот пазар, е еден од најголемите удари против нарк мафијата во огромното пристаниште. Дрогата е уништена, се наведува во соопштението на обвинителството.
Холандија стана главен канал за наркотици, особено на кокаин, кон Европа, главно преку Ротердам, најголемото европско пристаниште.
Холандските власти соопштија дека тие и меѓународните полициски сили оваа година заплениле 50 тони кокаин, кој минувал низ Холандија.
Ново на Сител
-
Трамп со аплауз го пречека Путин
-
Авионот на Трамп слета во Екориџ
-
Песков: Самитот меѓу Путин и Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа
-
Во Албанија уапсени три лица за подметнување пожари, ситуацијата со пожарите подобрена
-
Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ
-
Хакерски напад врз веб-страницата на српското МВР од IP-адреса од Холандија
-
Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар
-
Поради пожар во НП Јасен патот Македонски брод Скопје затворен за секаков вид возила