Кокаин во вредност од 2,9 милиони евра откриен во пратка со банани на пристаништето во Солун
Над 90 килограми кокаин во вредност од над 2,9 милиони евра бил откриен во пратка со банани во контејнер што на пристаништето во Солун пристигнал од Еквадор, а како примач била наведена француска компанија, која испраќа банани во Романија, јави дописничката на МИА од Атина.
Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) соопшти дека царинските инспектори со помош на рендген го откриле кокаинот во пратка со свежи банани.
Бил спакуван во 80 пакувања со вкупна бруто-тежина од 92,7 килограми, внимателно скриени во специјален простор на механизмот за ладење.
Дрогата и контејнерот веднаш биле конфискувани и било известено надлежното обвинителство, додека истрагата за откривање на примателите на кокаинот продолжува.
Кокаин скриен во контејнер со банани беше откриен и пред неколку дена во пратка, исто така од Еквадор, што пристигнала на атинското пристаниште.
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН