Која е поврзаноста помеѓу сексот и заработувачката?
Редовниот секс може да ни причини онолку среќа, колку и годишен бонус покрај платата, се вели во анкета објавена во весникот „Метро".
„...Така што, не е нужно работниците да чекаат покачување на работа, за да се почувствуваат задоволни. Подобро е да се посветат на сексот дома", се истакнува во написот.
Истражувањето опфатило 335 двојки, и се состоело од неколку фази. Најнапред тие биле запрашани - колку често водат љубов, колку се задоволни од животот, колку често се гушкаат, бакнуваат и држат за раце. Во втората фаза, која траела неколку месеци, по „друштвен експеримент“ со 106 двојки, констатирано е дека - колку што половите активности се почести, толку и луѓето биле посреќни во животот.
Заклучокот е она што всушност сите го знаеме - дека редовниот секс ги поттикнува и сите други пријатни и хармонични односи помеѓу партнерите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство