Свет
5. December 2015 - 11:42

Која е цената на теророт за Европа?

Имерисија - Атина

Ќе го засегнат ли куршумите од автоматите калашников на терористите од Исламска држава и кревкиот подем на економијата во еврозоната? Како може да се „измери“ стравот на макроекономско ниво? Одговите на овие прашања не се едноставни. Инвеститорите изгледа одговараат со „не“, барем од прва ако се прави оценка на базата на берзантските индекси.

Нормално имаше тензии кај акциите на авионските компании, хотелите и компаниите за луксизни добра, главно од француско потекло. Логиката е дека по два терористички напади за една година (нападите од 13 ноември и нападите во сатиристичното списание Шарли ебдо) привлечноста на Париз како водечка туристичка дестинација веројатно ќе опадне. Тоа би имало поширок одраз врз француската економија, која во 2014 година привлекла над 83 милиони туристи, а приходите од овој сектор достигнале 50 милијарди евра. Покрај ова, нападите во ноември се во споредба поблиску до важниот за трговијата туристички период околу божичните празници.

Пазарите покажаа забележителна ладнокрвност која може да се толкува на два начини.

Првиот е убедувањето дека одразувањето врз економијата ќе биде слабо како што покажуваат пдоатоци по нападите на други места како Лондон (во јули 2005 г.), Мадрид (март 2004 г.) и „мајката на сите атентати“ - 11 септември 2001 година.

Вториот начин на толкување е теоријата дека нараснатата несигурност ќе го натера директорот на Европската централна банка, Марио Драги, да преземе уште посериозни инцијативи од веќе планираните за поддршка на економиите во еврозоната, која бележеше симптоми на забавување и пред 13 ноември. Таа теза се брани од познатиот економист Нуриел Рубини, кој тврди дека нападите во Париз ја засилуваат економијата наместо да ја ослабат, ако Драги биде посмел.

Според агенцијата за кредитен рејтинг Стандард енд Пур, најсериозната опасност ја крие сценариото за трајно воспоставување на построга контрола на границите затоа што ограничувањата на движењето на луѓето и стоките ќе ја минираат трансграничната трговија.

Како што одминува времето, тоа може да доведе до „закочување“ на процедурата за понатамошно обединување на еврозоната или уште плошо, - да налее масло врз „пожарот“ на национализмот и ксенофобијата кои веќе се распламтени заради неконтролираниот обем од бегалскиот проблем.

Перспективата за една Европа со затворени граници, резервирани потрошувачи и разгневени „патриоти“ е веќе видлива.

Куршумите и бомбите од Париз можеби се илјада километри далеку од Грција, но нивниот оддек предизвика силен неспокој меѓу бизнисите во земјата. Главната причина е дека стравот од терористички напади може да доведе до намалување на бројот на туристи. Не се малкумина оние кои веруваат дека неутралната или проарапската позиција на Грција во последниве децении може да ја претвори земјата од „безбедна“ дестинација која ќе „украде“ дел од конкурентските пазари.

Главниот немир се слуша во зборот „егалски проблем“ кој од една страна доби неконтролирани размери, а од друга - терористичките напади во Франција за отвара вратата за - затворени граници. Во Грција се појавија стравувања во однос на распределбата на стотици илјади бегалци во случај соседните држави да ги „блокираат“ своите граници. Македонија веќе подигнува огради, а слични дејствија подготвуваат и Бугарите.

Прашањето кое се поставува е дали може да се сопре бранот мигранти од Турција и дали грчката држава би можела да се справи со „бомбата“ при евентуално блокирање на бегалците. Ќе бидат потребни огромни средства со кои Грција не располага. јасно е дека тоа ќе се одрази на туризмот и потрошувачката, затоа што чувството на небезбедност предизвикува тенденија на „интровертност“ на економко ниво. Особено во оној момент во кој грчката економија повторно ќе биде „притисната до ѕидот“.

Иако многумина велат дека бегалците во други држави ќе придонесат за развојот, затоа што се евтина работна сила и ќе ја зголемат побарувачката, во Грција се смета дека ќе се случи токму обратното. Како транзитна држава таа не може „да заработи“ од бегалците затоа што истовремено ќе треба да дава милиони за создавање на „горливи точки“, откажување на хуманитарната помош, и тн. Не може да се измери и цената на стравот кој се изроди од неконтролираниот бран од мигранти, ниту до кој степен тоа може да влијае врз психата на граѓаните заради засилувањето на крајните елементи.

Уште полошо ќе стане за економијата и општествотот ако обединувањето во еврозоната не се подобри, туку се влоши со евентуалната укинување на договорот од Шенген и Европа се претвори во тврдина во која Грција ќе биде влезот на илјадници мигранти, меѓу кои има и радикални исламисти.