-->
-->
Koj сака може да го купи Интер
-->
Претседателот на Интер, Ерик Тохир, потврдил дека мнозинскиот дел од акциите на клубот ќе и го продаде на кинеската инвестициска компанија Сунинг.
Групацијата Сунинг, во чија сосптвеност се наоѓа фудбалскиот клуб Џангсу ќе купи најмалку 60 проценти од акциите на Интер, за што ќе плати околу 500 милиони евра.
„Интер е во добри раце. Одлучивме да го продадеме клубот, односно стратешки да се засилиме со моќен партнер. Интер секоја година мора да се натпреварува со најдобрите во Европа“, изјавил за италијанските медиуми Тохир.
Се шпекулира дека откако Сунинг ќе купи 60 отсто од акциите на Интер, дека во клубот ќе пристигнат Бразилците Алекс Тешеира и Рамиреш, кои во зимскиот преоден рок од Шахтјор односно Челзи се преселија во Џангсу.
Интер, исто така, има намера да испрати понуди за Јаја Туре и Ерик Ламела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вардар го освои Купот на Македонија
-
Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан
-
Може ли финско-руската граница да биде следната зона на конфликт по војната во Украина?
-
Опожарено „БМВ“ во движење во близина на граничниот премин Табановце
-
УКИМ одбележува 76 години од основањето
-
Околу 90 камиони со помош влегле во Газа
-
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето